Девојчињата на „Кочани“ го претрпеа и дванаесеттиот пораз во годинешното првенство. Тие во 19-тото коло се поразени во Тетово од истоимената екипа со резултат 2:4. Не е никакво оправдување за некогашниот шампион и освојувачот на Купот на Македонија што на ова гостување не отпатувале во комплетен состав, дванаесет порази во една сезона се премногу иако се работи за екипа во која преку сезоната се случи драстично подмладување.

Натпреварот „Њу Јорк“ – „Тиверија“ не се одигра, делегатот не дозволил негов почеток бидејќи домашната екипа немала дежурен лекар а и натпреварот го немало пријавено во полицијата што е причината да немало униформирани полицајци. На сите други четири натпревари победи извојуваа фаворитите.

Резултати од 19-тото коло:

„Тетово“ – „Кочани“  4:2

„Њу Јорк“ – „Тиверија“ (не е одигран)

„Каменица Саса“ – „Атлетико“  0:4

„Речица“ – „СЦ Истатов“  4:5

„Драгон“ – „Ас Јунајтед“  5:1

„Борец“ – „Топ Гол“  4:2

Следното 20-то коло се игра во Среда, кога екипата на „Кочани“ го пречекува „Борец“ а натпреварот започнува во 11:00 часот. Истиот ден се игра натпреварот „Тиверија“ – „Драгон“ по кој ќе се знае годинешниот шампион. Натпреварот во Струмица започнува во 17:00 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари