Во организација на Карате Клубот „Солидарност“ – денес во Скопје се одржа 18-тиот Меѓународен карате турнир „Солидарност Опен 2018“.

На турнирот зедоа учество повеќе од 500 каратисти од Македонија, Србија и Црна Гора.

Кочанското карате се претстави со 11 каратисти, од кои 5 од КК „Партизан“ и 6 од КК „Кочани“.

Три златни и еден сребрен медал е билансот на каратистите на „Партизан“, а едно сребро и четири бронзи за каратистите на „Кочани“.

Златни медали кај КК „Партизан“ освоија:

Горги Петров – кадети до 57 килограми;

Благоја Тасески – (2005) до 40 килограми

Филип Стојанов (2007) до 40 килограми

А сребрениот го освои Антонија Стојанова (2005) до 49 килограми.

Кристијан Грозданов  кој настапи во категоријата „кадети“ до 52 килограми остана без пласман бидејќи поради повреда на ногата не можеше да го продолжи турнирот.

Кај КК „Кочани“ сребрениот медал го освои Надица Наунова (2007) до 40 килограми, а бронзените:

Натали Веселиновска – кадети + 54 килограми;

Љубомир Давитков – јуниори до 76 килограми;

Иван Арсов (2007) до 45 килограми;

Илија Охомуш (2007) до 40 килограми.

С. Ивановски

2223

2425

1112

1413

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари