Од Вторник (15.05.2018 година) книжните банкноти од 10 и 50 денари стануваат дел од историјата. Тие се повлекуваат од пазарот а наместо нив од истиот ден граѓаните ќе можат да ги користат новите полимерни банкноти со оваа вредност кои се изработени на најсовремен начин и од најсовремен материјал.

Сите оние граѓани кои поради неинформираност ќе заборават да ги заменат книжните банкноти до вторник, ќе можат по тој рок во следната година нивната замена да ја реализираат исклучиво во Народната банка на Република Македонија.

Полимерните банкноти за прв пат се воведени во светот од страна на Австралија а денес со такви банкноти се користат граѓаните на Канада, Романија, Велика Британија, Нов Зеланд, Брунеи и Малдиви.

Новите банкноти наместо досегашниот воден печат што се користеше кај книжните банкноти, од сега ќе содржат транспарентен прозорец во кој се вградени препознатливите елементи од нивниот оригинален дизајн. Кај апоенот од 10 денари претставен е стилизиран цртеж на паун, а додека кај апоенот од 50 денари е гравурата на рановизантинска монета.

Заштитниот конец кај полимерните банкноти ќе се гледа како испрекината линија, со јасно испишан текст „НБРМ“.

Како заштитни знаци овие полимерни банкноти ќе содржат и микротекст видлив само со лупа, двоен пасер и скриена слика, а ќе имаат и УВ својства.

Ваквите банкноти не се оштетуваат лесно и нивниот век на траење е далеку подолг отколку на книжните банкноти.

С. Ивановски

s-l300

94438514Macedonia 50 Denar 2007.alt.300dpi

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари