Почитувани,

Ве известуваме дека друштвото за спорт и рекреација „Прв до врв“, во соработка со велосипедската група „МТБ Исток“ од Кочани и спортски ентузијасти од Осоговието, на 2 и 3 јуни оваа година ќе го

организираме второто издание на планинската велосипедска тура на Осоговските Планини, овој пат содржински проширена во дводневен планински фестивал „Osogovo Adventure“.

Настанот „Osogovo Adventure“ е велосипедско-планинарски фестивал составен од тури за планински велосипедисти и планинари со старт и база на Пониква, на Осоговските Планини. За учесниците во секоја од категориите се предвидени лесна и потешка тура, согласно физичката подготвеност на поединците. Покрај турите, учесниците имаат можност да кампуваат, да бидат дел од забавната музичко-фолклорна програма и да ги пробаат локалните рецепти за подготвување на храната.

Планинските тури се наменети на растечката заедница рекреативци кои планинарат и спортуваат со планински велосипеди, со цел да им се доближат природните убавини на Осоговието и потенцијалите за планински спортови во овој крај.

Од друга страна, настанот има дополнителна цел да ги разбуди туристичките потенцијали на овој крај, кој би можел во поголемиот дел од годината да биде домаќин на љубителите на активниот

одмор и туризам.

Пријавување за учесници http://prvdovrv.mk/osogovo

Во прилог ви го доставуваме и официјалниот флаер за патеката на „Osogovo Adventure 2018“.

Се надеваме на Вашето присуство како учесници, подржувачи или волонтери во организацијата и развојот на Osogovo Adventure, кој од година во година ќе прерасне во традиционален и етаблиран

планински фестивал познат во Македонија и поширокиот регион.

 

Со почит,

Александар Георгиевски,                                           Панче Зафиров

Здружение за спорт и рекреација                            Здружение за планински велосипедизам  ПРВ ДО ВРВ                                                                   и споротви во планина

МТБ Исток

Osogovo Adventure FlaerIMG-e8a36dc6de6327cf1efb456043e08c6e-V

IMG-ad6444449dec1614b7a15e618e109cd3-VIMG-c799fd0c930b17f49c21d88bcf51ae46-V

 

 

 

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари