Како дел од проектот „Поезијата, повод и причина“ а во склоп на годинешното чествување „50 години НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани“ во Салон „Фоаје 2“ во НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани се одржа книжевен портрет на роднокрајната авторка Љубинка Давидовска.

На манифестацијата беше поставено и второто издание на книгата „Говорот на душата“ од авторот Љубинка Давидовска издадено 2013 година чиј комплетен тираж авторката го донираше за лекување на нашиот сограѓанин Методи Митев.

Омаж за творештвото направи и истиот го читаше Славица Цветкова.

Инаку песни од 27-те издадени книги на Љубинка Давидовска читаа членови на НУЦК „бели Мугри“ – Кочани, а песни посветени токму на Давидовска читаа: Јулка Димитрова, Славица Цветкова и Атанас Горгиев.

С. Ивановски

32313645_1979263585481238_3949176064500039680_n

 

32381052_1979263752147888_6139046938017792000_n

 

32477298_1979264005481196_4117568349058105344_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари