Како што не информираат од Третата Фудбалска Лига – Исток целата постапка е законска околу неодиграниот натпревар од 23-тото коло „Овче Поле“ – „Малеш“.

Комесарот за натпревари се повикал на член 33, став 1, алинеја 1 од Пропозициите за натпреварување во третите лиги за натпреварувачката 2017 и 2018 година, како и на член 80 став 6, член 85 став 3 и член 96 од Правилникот за натпреварување на ФФМ и донел одлука натпреварот од 23-тото коло ФК „Овче Поле“ – Свети Николе и ФК „Малеш“ – Берово се смета за одигран, без доделување на бодови на екипите.

Во членот 80 (Неодиграни натпревари) стои:

Доколку двете екипи неоправдано, не пристигнат и настапат на термин на закажан натпревар од постојано натпреварување, одговараат согласно одредбите на ДП на ФФМ, натпреварот ќе се смета за одигран.  

Во член 85 меѓу другото стои: Ако двете екипи неоправдано не настапат на наново закажаниот натпревар, натпреварот се смета за одигран а клубовите одговараат согласно ДП на ФФМ.

Во членот 96 стои: натпреварот да се евидентира како одигран, бодовите од натпреварот не се доделуваат на ниедна екипа,

Од Трета Лига – Исток на крајот појаснуваат дека според приложената документација и примената на членови од Пропозициите за натпреварување во третите лиги за натпреварувачката 2017/2018 година и членовите од Правилникот за натпреварување на ФФМ Комесарот за натпревари постапил правилно.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари