Повеќе од сто столици  донираше Компанијата „Ледер“ од Кочани за потребите на сите одделенија во „Општа болница“ – Кочани.

Директорот на „Општа болница“ – Кочани д-р Александар Серафимов изрази голема благодарност до сите вработени во компанијата а посебно до менаџментот г-дин Драгослав Здравков со чија хуманитарна донација сега се опремени одделенијата: интерно, хирургија, гинекологија, детско одделение, дијализа како и сите дијагностички служби.

Ова не е прва донација од ваков вид од Компанијата „Ледер“ за Општа болница, ги имало а како што истакна менаџментот ќе ги има и во иднина.

Гест за респект

С. Ивановски

20180514_091711

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари