Први на регионално, но и на државно ниво. Мешаниот оркестар составен од ученици од СОУ „Љупчо Сантов“ го освоија првото место на Државниот натпревар за хорови и оркестри што се одржа во Валандово.

Во силна конкуренција со најдобрите оркестри од државата, кочанските ученици беа најдобри.

„Во месец април во Кочани се одржа Регионалниот натпревар на хорови и оркестри каде што ние го земавме првото место со 99 бодови и обезбедивме пласман за учество на Државен натпревар. На Државниот натпревар што се одржа во неделата во Валанадово ние го освоивме првото место во категорија мешан оркестар со 97 бодови. Се претставивме со две композиции една народна „За појас“ и другата уметничка темата од филмот „Кум“. Многу сме задоволни од нашиот успех. Работевме под менторство на професорите Тодор и Љубиша Филипови. Оркестарот се состои од гитари, флејти, тарабука, тапан и труба“ истакна Елена Борисова, ученичка на СОУ „Љупчо Сантов“.

„Како не би биле горди на вакви ученици, честитки до нив тие се нај заслужни за наградата и успехот. Благодарност до директорот од кого ја имаме поддршката, до вас медиумите што го претставувате нашиот успех. Оваа година државниот натпревар се одржа во Домот на културата во Валандово. Право на учество имаа сите средни училишта во државата што се пласирале за учество на Државниот натпревар што значи се боревме во силна конкуренција. Имаше три категории на оркестри – мешан оркестар каде што ние ја освоивме првата награда, категорија бендови и мандолински оркестри“ рече професор Тодор Филипов.

DSCN9253DSCN9227

DSCN9226

 

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари