Прва редовна средба на младинската акциона група од Кочани се одржа во СОУ „Љупчо Сантов“. Истата е дел од грантот „Младите успеваат заедно“ имплементиран од Центарот за култура, комуникација и едукација на ромите „Светла иднина“ од Кочани, а поддржан од проектот на УСАИД за Граѓанско учество.

На средбата на која присуствуваа претставници од формални и неформални младински организации од општина Кочани се дискутираше за сегашната состојба на младинскиот активизам од гледна точка на младите колку се истите активни во креирањето на младински политики.

Целта на проектот и на активноста, како што истакна Мануела Саидова – координатор на проектот, е да се направи едно неформално тело каде што ќе се зборува за проблемите со кои што се соочуваат младите во општина Кочани.

Пред оваа средба, беше одржана конститутивна средба на која што беа номинирани претставници кои што активно ќе учествуваат во реализацијата на проектот и во нивните активности во младинската акциона група која има за цел да се посвети кон јакнење на младинскиот активизам во Кочани и да предлага мерки и политики насочени кон промовирање на проблемите и потребите на младите пред надлежните локални институции.

Во рамките на проектот предвидени се осум вакви средби на младинската акциона група.

DSCN9595

DSCN9588

DSCN9598DSCN9592

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари