Во забрзано темпо продолжуваат натпреварите во фудбалските лиги на Македонија. Во Среда (16.05.2018 година) се играат натпреварите од 20-тото коло во Првата Фудбалска Лига за жени.

Екипата на „Кочани“ со почеток во 11:00 часот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани ќе го игра натпреварот против екипата на „Борец“ од Велес.

Во Струмица со почеток во 17:00 часот се игра дерби натпреварот на првенството во кое се среќаваат екипите на „Тиверија“ и „Драгон“, по кој натпревар со сигурност ќе се знае која екипа ќе биде Шампион на Македонија во женска конкуренција.

Двојки за 20-тото коло:

„Кочани“ – „Борец“

„Тиверија“ – „Драгон“

„Топ Гол“ – „Каменица Саса“

„Атлетико“ – „Речица“

„СЦ Истатов“ – „Њу Јорк“

„Ас Јунајтед“ – „Тетово“

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари