На 14.05.2018 година околу 15.30 часот на ул. „Тодосија Паунов“ во Кочани, Б.Б. (18) од Кочани, управувајќи Мопед без регистарски ознаки удрил во патничко возило „Цитроен“ со кочански регистарски ознаки.

Од ударот со тешки телесни повреди се здобил Б.Б., кој поради сеериозноста на повредите од Медицински центар Кочани бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кочани.

Извор: Дневни билтени на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари