Во натпревар од 20-тото коло на Првата Фудбалска Лига за жени денес во Кочани „Борец“ од Велес ја совлада домашната екипа „Кочани“ со резултат 3:0 (3:0).

Гостинките се покажаа како подобар противник за што сведочи и конечниот резултат.

Кај екипата на „Кочани“ очигледно е дека освен капитенот Горгиева нема играч што ќе повлече или ќе знае да ја проигра што не може да се каже и за девојчињата од Велес.

Велешанки постигнаа три гола но домаќинките особено во првото полувреме немаа среќа и тие да погодат, двата одлично изведени удари од преку 25 метри на Горгиева завршуваа најпрвин во левиот а потоа и во десниот дирек од голот на „Борец“.

Кога се ќе се собере победата на гостинките од Велес е сосема заслужена.

С. Ивановски

DSCN9697

DSCN9711

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари