Во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани и ЛК „Копнеж“ од Кочани, денес во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ по 44-ти пат се одржа литературно читање „Мајски цвет 2018 година“.

Присутните ги поздрави а воедно и манифестацијата за отворена ја прогласи Тоше Илиев – Претседател на ЛК „Копнеж“ од Кочани.

Годинава на конкурсот да учествуваат беа поканети 14 основни училишта (Кочани, Оризари, Зрновци, Чешиново, Соколарци, Облешево, Штип, Лозово, Крива Паланка, Скопје) и 10 библиотеки – Литературни клубови (Пехчево, Делчево, Виница, Радовиш, Свети Николе, Пробиштип, Велес, Струмица, Куманово и Лозово).

DSCN9781

Од пристигнатите творби комисијата во состав Илија Захариев – Претседател, Славица Цветкова и Вангелија Цавкова – членови одлучи:

Годинешната Гран при награда „Димитар Гогов“ да и припадна на Теона Грубанска, ученичка во IX одделение во ОOУ „Методи Митевски – Брицо“ од Лозово за творбата „Домот во срцето мое“, ментор Ленче Китанова.

Втората награда отиде во рацете на Марија Николова за творбата „Среќа“, ученичка од IX одделение во ООУ „Страшо Пинџур“ од с.Соколарци, ментор Тодорка Стоименова, а третата кај Мартина Пулковска за творбата „Мечти без граница“, ученичка од VIII-3 одделение во ОУ „Никола Карев“ – Кочани, ментор Гордана Јефтимова.

DSCN9813

Пофалници добија: Анастасија Јефтимова – ОУ „Синиша Стоилов“ – Зрновци, Михаела Стојанова – ОУ „Раде Кратовче“ – Кочани и Јована Балуловска – ОУ „Живко Брајковски“ – Скопје (општина Бутел).

Посебни Благодарницата беа доделени:

За ментор на Ленче Китанова ООУ „Методи Митевски – Брицо“ – Лозово,

За училиште на ОУ „Свети Кирил и Методиј“ – Кочани,

За библиотека на ОНБ „Браќа Миладиновци“ – Радовиш.

Посебната награда за „Интерпретација на сопствена творба“ и беше доделена на Михаела Костовска, ученичка во IX одделение во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево, ментор Габриела Костадинова.

С. Ивановски

DSCN9801

DSCN9893

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари