Наидувајќи на повеќе бариери поттикнати од страна на родителите на учениците со посебни потреби СОУ „Љупчо Сантов“ годинава навреме ги информира старателите односно родителите на децата кои што учат во паралелки за деца со посебни потреби дека доколу не се инклузирани во редовната настава од основно образование нема да можат ниту во средно да бидат инклузирани, односно прифатени и примени во средното образование, а оние ученици кои што се веќе инклузирани во редовната настава од основно, тогаш ќе бидат прифатени и примени во средно и со нив ќе работи дефектолог и стручни служби како и професорите.

Таква одлука донесе Министерството за образование и наука за што од училиштата навреме ги информираат родителите на таквите деца.

„Учениците кои што излегуваат од специјални паралелки не подлежат на инклузија во редовно средно образование, а додека учениците кои штом излегуваат од редовно основно образование бидејќи веќе се инклузирани значи ќе можат да се запишат овде кај нас или во другото средно училиште. А за учениците од специјални паралелки инклузијата односно запишувањето може да биде достапно во некои средни стручни школи како што е училиштето „Искра“ во Штип и нормално средни училишта кои што се за ученици со посебни образовни потреби. Беше информирано и Министерството за образоавние и наука и на таквото барање да можеме да инклузираме такви деца од специјални паралелки не добивме зелено светло и затоа сакаме и да ги информираме родителите или старателите на тие деца дека патот на нивното образование да го продолжат и да го гледаат во средно училиште наменето за деца со посебни потреби согласно нивните способности“ рече Катерина Димитрова, дефектолог во СОУ „Љупчо Сантов“.

Минатата година ова училиште има инклузирано 4 ученици кои што се со наод и мислење, 4 хронично болни ученици бидејќи и тие спаѓаат во ученици со посебни образовани потреби и 30 ученици од ранливи категории. Со тие ученици се работи по индивидуален пристап со образовни наставни планови и програми според потенцијалните можности и способности а се работи и на корегирање на проблемите и потешкотиите со кои што тие ученици се соочуваат.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари