По повод 20-ти Мај „Денот на пожарникарите“, Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев во друштво на Благој Ситновски заменик Градоначалник на Општина Кочани и Александар Јосифов – секретар во Општина Кочани ја посетија територијалната Противпожарна Единица – Кочани.

Градоначалникот при своето обраќање најпрвин им се заблагодари на пожарникарите за сето она што го имаат правено за да ги заштитат своите сограѓани и природните добра, ги потсети дека најновата униформа во која беа облечени набргу ќе биде надополнета и со сите други заштитни елементи, а дел од возниот парк ќе биде обновен кога за тоа ќе се создадат услови.

На крајот Градоначалникот Илијев му упати искрени честитки на најдобриот пожарникар во 2017 година Милко Минов.

В.д. Командирот на Против Пожарна Единица Кочани Благојчо Паунов ги запозна присутните со активностите кои ги имала единицата во изминатиот период.

За време на коктелот кој пожарникарите го организираа за своите гости забележливи беа неколкуте промени што во мошне краток период беа направени во самата зграда.

Новите шошки каде беше сместена комплетната опрема на пожарникарите, новиот електричен шпорет и фрижидер набавени преку синдикалната организација на ТППЕ – Кочани се само дел од она што досега е изменето.

На денешната церемонија забележано беше и присуството на пожарникари кои се пензионираа од редовите на оваа единица, претставници на „Црвен Крст“ – Кочани како и неколку директори од основните училишта во општината.

С. Ивановски

DSCN9899

DSCN9913

DSCN9925DSCN9938

DSCN9954

DSCN9964

DSCN9970DSCN9971

DSCN9977

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари