Годинешното фудбалско првенство во Втората Лига – Исток „Осогово“ го започна со победа против „Кожуф“ како домаќин а истото го заврши со пораз од истиот противник повторно во Кочани.

Денес „жетварите“ загубија, но очигледно беше дека од првиот свиреж на денес мошне авторитетниот Влатко Илиоски од Прилеп, играчите со мислите не беа на теренот, туку многу подалеку, во Прилеп на утрешниот натпревар од кој очекуваат многу, очекуваат дека „Победа“ со победа над „Ренова“ ќе му „помогне“ на „Осогово“ да го задржи второлигашкиот статус.

Први се заканија гостите во 23’, но ударот Ристовски заврши покрај десниот дирек на Игевски во гол-аут.

Во 29’ 1:0 за „Осогово“, Паунов одлично си создаде простор за удар и од 25 метри ја затресе мрежата на гевгеличани.

DSCN0070

Во второто полувреме домаќините играа на контра напади од кои создадоа неколку изгледни прилики да го зголемат водството но ударите на Жоглев, Паунов, Костадинов и Петров за малку беа непрецизни. И кога сите очекуваа зголемување на водството за домаќините, играчите на „Кожуф“ изведоа добра акција по која следуваше центар-шут од десната страна по кој Ристенски во 65’ успеа со глава да ја погоди мрежата. Истиот играч само минута подоцна доби подарок од домашната одбрана и излезе сам пред Игески но неговиот удар домашниот чувар на мрежата одлично го одбрани.

И кога сите очекуваа натпреварот да заврши без победник, во третата минута од продолжението Ристенски доби топка во празно, си создаде простор и со удар од 7-8 метри по втор пат го матираше домашниот голман и бодовите сепак заслужено заминаа за Гевгелија.

Резултати од 27-мото последно коло:

„Осогово“ – „Кожуф“  1:2

„Каменица Саса“ – „Борец“  1:3

„Беласица“ – „Брегалница“  1:1

„Победа“ (В) – „Тиквеш“  1:12

Слободна беше екипата на „Плачковица.

Прва со 59 освоени бода е екипата на „Беласица“ и таа од следното првенство ќе настапува во Првата Фудбалска Лига. Во баражот ќе игра „Борец“ кој со „Брегалница“ е на делба на втората позиција со 53 бода но со подобар меѓусебен количник, на четвртото место е „Кожуф„ со 40 бода а потоа следуваа: „Тиквеш“ 37, „Плачковица“ 30, „Каменица Саса“ 25, „Осогово“ 19, „Победа“ (В) 10 и „Хоризонт Турново“  бода.

С. Ивановски

DSCN0071

DSCN9997

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари