Во последниот натпревар пред домашната публика екипата на „Кочани“ со пресврт дојде до победата која на некој начин би требало да биде добар стимул за  подмладената екипа за наредното првенство.

„Жетварките“ денес во рамките на 21-вото претпоследно коло од годинешното првенство ја совладаа екипата на „Топ Гол“ со резултат 6:3 иако на полувремето губеа со 2:3.

Кочанчанки со головите на Ѓорѓиева (4’) и Атанасова (28’) поведоа со 2:0 и кога се помисли дека до победата ќе дојдат лесно, дозволија на противникот за само девет минути да им ја затресе мрежата три пати и со негатива од еден гол да заминат на одмор. Головите за Битолчанки ги постигнаа Петровска (34’43’) и Ристеска (40’).

Во второто полувреме девојчињата на тренерот Оливер Јовановски се разиграа, почнаа се почесто да напаѓаат па со головите на Ѓорѓиева (65’) Атанасова (75’78’) и Тодоровска (88’) стигнат до заслужена победа од 6:3.

Инаку ова коло донесе доста ефикасен фудбал, освен во Кочани уште на три натпревари гледачите видоа по девет погодока а „најнеефикасно“ беше во Куманово каде беа постигнати „само“ четири погодока.

Резултати од 21-вото коло во Првата Фудбалска Лига за жени:

„Кочани“ – „Топ Гол“  6:3

„Тетово“ – „Тиверија“  0:9

„Речица“ – „Каменица Саса“  4:0

„Борец“ – „Ас Јунајтед“  0:9

„Драгон“ – „СЦ Истатов“  9:0

Поради исклучување во првенството на „Њу Јорк“ во ова коло слободна беше екипата на „Атлетико“.

Следното 22-ро последно коло се игра следниот викенд.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари