По осум години континуитет во одржувањето, годинава учениците од основните училишта во општината останаа без „Општинската училишна лига во мал фудбал“.

Лигата која се играше на отворени терени за прв пат започна во 2010 година кога го носеше името „Меѓуопштинска училишна лига во мал фудбал“ а во која учествуваа осумте основни училишта од Кочани (5), Зрновци (1) и Чешиново-Облешево (2).

Од 2013 година натпреварите се префрлија во спортската сала „Никола Карев“ во Кочани а учениците се натпреваруваа во „Општинската училишна лига во футсал“.

Од кои причини годинава не се одржа првенството засега се нема никој произнесено.

Лигата траеше од почетокот на месец Март до месец Мај за да кон крајот на учебната година бидат прогласени најуспешните.

С. Ивановски

DSCN1056

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари