Денес се навршуваат точно 22 години откако ФК „Осогово“ го постигна најголемиот успех во самостојна Македонија.

Имено на денешен ден (23.Мај.1996 година) на „Градскиот стадион“ во Скопје пред 2.000 гледачи младинците на „Осогово“ ја совладаа соодветната екипа на „Саса“ од Македонска Каменица со 2:0 (2:0) и станаа четвртиот носител на младинскиот Куп во самостојна Македонија.

Како што тогаш беше објавено во „Нова Македонија“ и „Вечер“ головите за кочанчани ги постигнал Зоран Шуманов во 7’ (слободен удар) и 34’. Натпреварот го судел Ангел Бунгуров од Кавадарци а „Осогово“ настапил во следниот состав: Алчинов, Иванов, Богатинов, Сенев, Стојанов, Јорданов, Јанев, Трајанов, Шуманов, Крстев и Соколов.

Победничкиот пехар на капитенот на „Осогово“ Крсте Крстев му го предал Трајче Маџоски тогашен член на УО на ФСМ.

Младинското финале било предигра на финалето од Купот на Македонија во сениорска конкуренција „Вардар“ – „Слога-Југомагнат“.

С. Ивановски

16

17

18

19

20

21

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари