Се одиграа натпреварите од 27-то претпоследно коло во Третата Фудбалска Лига – Исток, во кое беа постигнати 26 погодоци или 8,67 по натпревар што покажува дека стрелците уште се гладни за постигнување на голови.

Лидерот на табелата „Кит Го Пехчево“ експресно помина низ Виница исто како и „Кежовица“ низ Берово. Во третиот натпревар во Свети Николе по доста возбудувања победа за „рударите“.

Комплетни резултати од 27-мото коло:

„Слога 1934“ – „Кит Го Пехчево“  2:7

„Малеш“ – „Кежовица“  1:7

„Овче Поле“ – „Рудар“  4:5

Слободна во ова коло беше екипата на „Брегалница Голак“.

На едно коло пред крајот на првенството прва е екипата на „Кит Го Пехчево“ со 73 бода, пред „Кежовица“ 44, „Слога 1934“ 32, „Малеш“ 31, „Брегалница Голак“ 30, „Овче Поле“ 29, „Рудар“ 27 и „Зрновка“ 1 освоен бод.

Првенството завршува во Недела.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари