90 годишното постоење на ОУ „Славчо Стојменски“ во Виница ќе биде крунисано со изградба на нов спортски објект, училишна спортска сала.

Со осветувањето на камен темелникот од страна на свештените лица при храмот „Св.Архангел Михаил“, започнуваат градежните активности за изградба на објект со површина од 762 м2 во кој ќе се изведуваат сите училишни спортови.

600 ученици кои се во редовна настава во ова и во подрачните училишта ќе добијат шанса својот спортски дух да го афирмираат и докажуваат на поквалитетен начин и во софистицирани услови според стандарди кои ги бараат спосртските федерации.

Присутните гости кои беа дел и од одбележувањето на патрониот празник ги поздрави директорот Горан Иванов кој истакна дека овој проект се реализира со подршка ан Владата на Република Македонија и со подршка на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија.

Градоначалникот Ивица Димитров, кој основното образование го завршил во ова училиште, најави максимална општинска подршка во заокружувањето на овој проект до крајот на годината, подршка за изградба на сала и во училиштето „Гоце Делчев“, како и подобрување на условите за школување во сите училишта во општината.

Градежните активности на овој проект кој тежи околу 25 милиони денари треба да бидат завршени до крајот на годината, а главен изведувач е ГП “Гранит“.

Општина Виница

32

3334

3536

37

38

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари