М-р Дарко Спасов, Претседател на „55-тото издание на ДАФ на Македонија – Кочани 2018“ денес ја презентираше програмата на фестивалот како и сите оние мали сегменти кој ќе го направат фестивалот да биде голем.

Со драматизацијата според народни кажувања „Бејжи злодеј, баба гре“ (Бегај ѓаволе, жена ми доаѓа) во режија на Бојан Подгоршек а во изведба на Културно ин шпортно друштво „Шатор Шторје“ од Сежана (Република Словенија) која е закажана за 28.Мај со почеток во  19:00 часот започнува годинешното 55-то издание на ДАФ.

По завршувањето на претставата за во 20:00 часот е закажано „Свеченото отворање “ а во 20:15 часот фестивалот продолжи со претставата „Многу врева за ништо“ во изведба на СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес.

Првата фестивалска вечер завршува со претставата „Пеликан“ во изведба на Драмско студио при НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани.

Освен 17-те претстави кои се поставени на годинешниот репертоар предвидени се и неколку придружни манифестации.

Во периодот на одржувањето на фестивалот 28.Мај – 02.Јуни читателската публика на порталот „комарец“ ќе биде запознаена со програмата од наредниот ден.

С. Ивановски

DSCN8573

DSCN8617

DSCN8613

DSCN8549

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари