Се одиграа натпреварите од 22-рото коло во Првата Лига за жени по што се спушти завесата на годинешното првенство.

По одиграните кола со 19 победи и само 1 пораз екипата на „Драгон“ од Скопје е новиот Шампион на Македонија.

Интересна беше завршницата на првенството во кое само две екипи атакуваа на највисок пласман „Драгон“ и „Тиверија“ (Струмица). Иако и двете екипи на крајот првенството го завршија со ист број на бодови сепак скопјанки беа подобри во меѓусебните средби и заслужено го освоија драгоцениот пехар.

Екипата на „Кочани“ која настапи со доста подмладен состав првенството го заврши во долниот дел на табелата што после една освоена шампионска титула и два освоени купа е знак дека кочанчани го губат чекорот во женскиот фудбакл.

Резултати од 22-рото последно коло:

„Ас Јунајтед“ – „Кочани“  3:0

„Тиверија“ – „Борец“  3:2

„Атлетико“ – „Драгон“  4:6

„СЦ Истатов“ – „Тетово“  5:2

„Топ Гол“ – „Речица“  0:2

„Каменица Саса“ – „Њу Јорк“  3:0 (п.ф)

С. Ивановски

3

DSCN8842

DSCN8837

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари