Со богата и интересна програма најавено е отворањето на годинешното 55-то издание на „ДАФ на Македонија – Кочани 2018“.

Свеченоста започнува пред НУ ЦК „Бели Мугри“ со џез составот „Летечки пекинезери“ од Скопје како дел од предвидениот годинешен „Револушн фест“ кој е во склопот на манифестацијата а ќе се случува и во теновите Среда и Четврток.

Пред свеченото отворање на фестивалот кое е предвидено за во 20:00 часот, на сцената во НУЦК „Бели Мугри“ со почеток во 19:00 часот ќе биде прикажана Драматизација според народните кажувања „Бегај ѓаволе, жена ми доаѓа“ во режија на Горан Подгоршек а во изведба на Културното и спортско друштво „Шатор Шторје“ од Сежана (Република Словенија).

По завршувањето на церемонијата на свеченото отворање на сцената ќе бидат поставени уште две театарски претстави.

Најпрвин во 20:15 часот е претставата „Многу врева за ништо“ во адаптација на текст режија на Слободанка Чичевска, а во изведба на актери од СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ од Велес.

Првиот ден завршува со претставата „Пеликан“  во режија на Перо Даниловски а во изведба на Драмското студио при НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани. Претставата започнува во 22:15 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари