Во Вторник (29 Мај) со почеток во 16:00 часот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани  ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар во женска конкуренција.

Екипата на ЖФК „Кочани“ ќе му биде домаќин на „Prestige Soccer Training“ од Њу Џерси (САД).

Американките досега одиграа два натпревари, првиот со „Арис“ (Солун) го загубија со 0:3 а на вториот против екипата на „Тиверија“ (Струмица) забележаа победа од 4:0.

Натпреварот ќе го суди судиска тројка од соседна Бугарија.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари