ШЕСТ УЧЕНИКА ОД ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ – КОЧАНИ СО ШЕСТ ПРВИ МЕСТА И МАКСИМАЛЕН БРОЈ НА ОСВОЕНИ ПОЕНИ

април 11, 2024
1 минути

Денес во Штип, во организација на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ се одржа меѓународниот фестивал со натпреварувачки карактер по теорија за млади музичари.
шест ученика од ООМУ Ристо Јуруков“ – Кочани под менторство на наставник Благој Николов освоија шест први места со максимален број на поени.

Јана Филипова IX одделение, Прва награда со освоени 100 поени,

Јован Божинов IX одделение, Прва награда со освоени 100 поени,

Јован Цветанов VI одделение, Прва награда со освоени 100 поени,

Бјанка Димов VI одделение, Прва награда со освоени 100 поени,

Климент Филипов VII одделение Прва награда со освоени 100 поени

Леонтија Гаврилова VII одделение, Прва награда со освоени 99 поени.

Уште еден убав успех на учениците од ООМУ Ристо Јуруков од Кочани кои до одличните резултати доаѓаат како плод на систематското работење на наставниот кадар во училиштето.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ