Требаше да поминат четири години па во Кочани да се одигра еден меѓународен фудбалски натпревар.

Честа и овој пат да одиграат таков натпревар им припадна на девојчињата на ЖФК „Кочани“ кои овој пат им беа домаќинки на „Prestige Soccer Training“ од Њу Џерси (САД).

По доста топло време и непријатни услови за игра натпреварот заврши во полза на гостинките кои на стадионот „Никола Мантов“ славеа со 4:1 (2:1).

Иако временските услови не им беа наклонети на играчите од двете екипи, иако резултатот беше во втор план сепак макумината гледачи видоа интересен фудбал во кој беа создадени повеќе шанси за гол од кои само пет беа искористени.

Пред почетокот на натпреварот тренерите на екипите си заменија подароци а натпреварот одлично го отсуди судиската тројка од Бугарија.

С. Ивановски

DSCN8973

DSCN8990

 

DSCN9194

DSCN9108

DSCN8977

DSCN8975

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари