Во престижниот ресторан „Амор“ во Кочани се одржа првата од трите најавени работилници за изготвување на стратегијата за развој на Општина Кочани.

Како што најави Кристина Хаџи-Василева, надворешен соработник на „UN Women“ изработката на сите стратешки документи ќе биде спроведена на транспарентен начин во кој ќе бидат вклучени сите засегнати страни: јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор.

Во своето обраќање кон присутните Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев рече: „Се одлучивме за една ваква акција каде ќе бидат вклучени сите, и сите да дадат придонес, да се чувствуваат како дел од стратегијата што во иднина треба да биде наш патоказ и водич за нашите задачи. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на организацијата на жени при ОН кои го прифатија нашиот повик, нашиот апел за поддршка и помош во реализацијата на овој проект“.

Целокупната постапка ќе ја водат надворешни експерти на „ UN Women “ организација која преку регионалниот проект „Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа“ ја финансира изработката на Стратегијата за развој на Општина Кочани.

Следните две работилници е планирано да се одржат на 05 и 19 Јуни оваа година.

С. Ивановски

DSCN8953DSCN8961

DSCN8952

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари