Со 30-тата објава за отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, се продадоа три од понудените 12 градежни парцели.

Од парцелите за индивидуално домување се отуѓени две, кои се наоѓаат на улицата „Ѓорче Петров“, со површини од 419 и 423 м 2 .

Третата отуѓена градежна парцела е со намена за изградба на стопански комплекси за откуп на примарна и финална обработка за земјоделски производи, која се наоѓа во месноста Ќерамидница и е со површина од 9847 м 2 .

Постигнатата цена на електронската аукција за сите градежни парцели е 71 денар за метар квадратен.

Со ова е остварен приход од 758.919 денари, од кои 80 проценти се за Буџетот на Општина Кочани.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари