На 31.05.2018 година во 20,45 часот на локалниот пат село Тркање – село Жиѓанци, во атарот на село Спанчево, кочанско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со кочански регистарски ознаки управувано од С.М.(48) од село Новоселани, кочанско и Трактор „ИМТ 539“ управуван од М.Н.(62) од село Спанчево.

Во незгодата, М.Н. се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари