Она што го објавивме кон крајот на месец Март на барање на дел од жителите на населбата „Трајаново трло“ а во кое како причина беше наведено нивното барање за интервенција на надлежните од КЈП „Водовод“ и за целосно отстранување на проблемот со постојаното истекување на фекалии од една од цевките, денес е повторно актуализирано.

Деновиве тие повторно апелираат и бараат од надлежните институции во општината проблемот кој го имаат со години да се реши еднаш засекогаш бидејќи температурите во термометарот полека но сигурно одат се повисоко  а изворот на заразни болести може да биде токму нивниот проблем.

Во близина на крстосницата помеѓу улиците „Љупчо Сантов“ и „Наум Наумовски – Борче“ (Во близина на Вила вон град) од канализацијата повторно излегуваат фекалии кои им создаваат проблем сега уште поголеми отколку пред два месеци на луѓето што живеат на овие простори.

„Излевањето на фекалии по улицата трае со денови, поточно никогаш и не престанало. Ќе интервенираме до надлежните, ќе дојдат ќе направат нешто 2-3 дена го нема проблемот за да потоа повторно се појави, и така со месеци, така со години. Во 21-виот век да се занимаваме со ваков проблем е смешно. Верувајте вака не можеме, ќе бараме итна средба со надлежните за да еднаш засекогаш се реши овој проблем. Тесните цевки си го прават своето, затоа мора да ни помогнат да најдат трајно решение за да веќе не разговараме на вакви теми. И ние деца и внуци имаме кои секој ден поминуваат одовде, и ние право на добар живот имаме како останатите жители, затоа уште еднаш не апелираме само туку и замолуваме да дојдат и да го решат проблемот“, беше напишано во писмото што ни го доставија.

С. Ивановски

2018-32018-5

34183701_10216721939031637_374758131621691392_n

34191603_10216721938631627_761768340355022848_n

34200277_10216721938791631_8319550771330809856_n

34274838_10216721939111639_8585607038787125248_n

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари