На тениските терени во СРЦ „ЗОРИК“ во Кочани, во организација на Општинскиот сојуз за училишен спорт – Кочани, со техничка поддршка на ТК „Акватен“ од Кочани,  се одржа „Државното првенство во тенис за средни училишта“.

На првенството зедоа учество 11 момчиња и 9 девојчиња од средните училишта од:  Кочани, Струмица, Штип, Гевгелија, Кратово,  Свети Николе, Македонска Каменица, Кавадарци и Радовиш.

Првото место кај момчињата го освои Кристијан Велков СОУ „Кочо Рацин“ (Свети Николе) кој во финалниот натпревар го совлада Тома Игњатов СОУ „Добри Даскалов“ (Кавадарци) со резултат 4:3; 4:0.

Во категорија за девојчиња првото место и припадна на Даниела Колева СОУ „Љупчо Сантов“ (Кочани) која во финалето ја совлада Благица Голубова СОУ „Славчо Стојменски“ од Штип 4:0; 4:0.

IMG_20180601_180528IMG_20180601_180850

IMG_20180601_180605

IMG_20180601_095813

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари