Почитувани корисници,
Ве известуваме дека согласно член 29 став 1 од Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води С:.В. 68/04 на РМ е пропишано дека како корисници на услуга должни сте овозможите пристап на овластен работник – читач или контролор од КЈП „Водовод“ – Кочани, заради читање на водомерот. Ваквата обврска е со цел точно отчитување и фактурирање на потрошената вода, што е во Ваш и наш интерес.
Воедно, Ве известуваме дека доколку не постапите по горенаведените укажувања, не ОВОЗМОЖИТЕ пристап, КЈП „Водовод“ – Кочани ќе постапи согласно Одлуката за утврдување на начинот на читање и фактурирање донесен од Управниот одбор бр. 02-154/8 од ден 07.03.2018 година со која се уредува начинот на читање и фактурирање на водомери.
Кочани КЈП „Водовод“ – Кочани
01.06.2018 г. Д И Р Е К Т О Р
Андреј Киров
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.