На 5 јуни, од 10:30 ч. во ресторанот „Амор“ во Кочани ќе се одржи втората од предвидените три работилници за подготовка на Стратегијата за развој на општина Кочани.

Учесниците во првата работилница, работеа на SWOT-анализа на состојбите во економијата, туризмот, образованието, културата, спортот, здравството, социјалата…

Регистрираните белешки како силни и слаби страни, можности и закани беа испратени на увид и доработка кај членовите на Советот, граѓански здруженија, социјални, спортски и културни работници.

На втората работилница се очекува да бидат дефинирани визијата и мисијата, како и стратешките приоритети и цели.

Стратегијата се изработува низ партиципативен и транспарентен процес со вклучување на сите клучни засегнати страни – јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор и со посебен фокус на родовата интеграција во сите аспекти на процесот.

Целиот процес го водат надворешни експерти од UN Women, организацијата која преку регионалниот проект „Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа“ ја финансира изработката на Стратегијата за развој на општина Кочани.

DSC_0047 (Copy)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари