Завршија натпреварите во Првата Македонска Пинг-понг лига, во која кочанските пингпонгари го зазедоа одличното трето место кое со објективно судење можеше да биде место кое директно води во „Супер Македонската Пинг-понг лига“ или место кое гарантира бараж натпревар.

Но, иако не се случи ниту едното ниту другото мора да им се одаде почит на сите оние кои ги бранеа боите на ППК „Кочани“.

Кочанчани освоија 23 бода на 14 натпревари кои од оваа година се играат турнирски, односно сите натпревари се играа во Скопје и тоа по две кола за време на викендите.

Сега кога ќе се направи анализа на постигнатото, пресуден беше натпреварот од 9-тото коло против сегашниот првак во истата лига „Телеком НЕЦ“  во кој при резултат 3:3 во последниот дуел меѓу Христов (Кочани) и Љамов при водство на кочанскиот пингпонгар од 06:02 му беше едноставно украден седмиот поен по што Христов во знак на протест не сакаше да го доигра натпреварот на начин како и дотогаш, па истиот му припадна на Љамов 06:11 и со конечни 3:4 „Кочани“ го загуби натпреварот.

Но како и да е сепак и овој пласман е за почит бидејќи пингпонгарите од „градот на оризот“ и годинава го дадоа својот максимум во настапите на сите натпревари.

Сепак, кога се ќе се собере годината ќе се памети и по освоеното 3-то место односно по освоениот медал по пауза од 25 години на двоецот Славе Ефремов и Сашко Тодосиев на „Државното првенство за сениори во машка и женска конкуренција“ кој се одржа на почетокот на месец Март оваа година.

С. Ивановски

2

1

6

4

10

77

11

32828742_1654149611346913_8831318346809999360_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари