Вечерва во 19 ч. во Фоаје 1 во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ организира концерт на учениците кои оваа учебна година освоија награди на државни и на меѓународни натпревари.

На концертот ќе настапи и Иван Милосов (виолина) кој неодамна, како исклучително талентиран ученик, имаше солистички настап со оркестарот на Македонската филхармонија.

Настанот е дел од содржините со кои се одбележува патрониот празник на „Ристо Јуруков“.

Утревечер, на 5 јуни, во салата на Спомен-домот „АСНОМ“, со почеток во 19:30 ч. ќе се одржи уште еден концерт по повод патраниот празник на училиштето.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари