Започна асфалтирањето на две локални улици во општина Кочани со вкупна должина од 496,47 м и тоа три крака на улицата „Карпошово востание“ и крак на локалната улица „АСНОМ“ во Оризари.

Вредноста на Договорот е 5.466.638,86 денари сo вклучен ДДВ, од кои средствата во висина од 4.300.510,00 денари се заштеда од реализација на потпроектот „Изградба на 10 улици во општина Кочани“, а средствата во висина од 1.166.129,00 денари се општинско

кофинансирање и ќе се обезбедат од Буџетот на Општина Кочани за 2018 година.

Работите ги изведува Градежното претпријатие „Изгрев инженеринг ДООЕЛ“ од Велес, избрано по спроведената тендерска процедура согласно правилата на Светска банка.

Реализацијата на овој потпроект „Изградба на две улици во општина Кочани“ е според Договорот за заем склучен помеѓу Меѓународната банка за обнова и развој и Република Македонија, а во врска со остварување на заштедата при реализација на потпроект „Изградба на 10 улици во општина Кочани“ помеѓу Република Македонија –

Министерство за финансии и Општина Кочани, со склучен Анекс на Договорот за подзаем.

DSC_0003 (Copy)

DSC_0010 (Copy)

DSC_0013 (Copy)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари