Долготрајниот аплауз на публиката во „Фоаје 1“ во НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани по завршувањето на „Завршниот концерт“ на годинава наградените ученици од ОМУ „Ристо Јуруков“ ја дава реалната слика за тоа, што вечерва тие слушнаа од младите музички виртуози.

И навистина имаше што да се слушне. Не беше воопшто важно дали музичките нумери се отсвирени на пијано, флејта, виолина, гитара или хармоника, не беше воопшто важно дали имаше соло настап или во дует па и трио, важно беше дека се што беше изведено беше беспрекорно, што никој не остана рамнодушен од присутните.

За да се биде онака како што треба, организаторот на овој „Завршен концерт“ се погрижи крајот да биде сепак за наградениот ученик Иван Милосов кој на годинешниот Државен натпревар во Скопје од можните 100 бодови, освои исто толку што беше и главната причина да има настап на концерт на „Македонската филхармонија“ во Скопје.

По завршувањето на концертот Елизабета Ѓеорѓиева – директор на училиштето ги прочита и наградените ученици по теорија и солфеж, како и оние кои ќе го претставуваат училиштето на меѓународните натпревари по пијано во Гевгелија и виолина во Охрид.

На крај би им посакале на сите овие млади музички виртуози уште подобри настапи и следната учебна година, бидејќи тие со своите настапи се едни од најголемите амбасадори на Општина Кочани.

Секоја чест за сите што вечерва имаа свој настап.

С. Ивановски

DSCN9758

DSCN9695DSCN9735

DSCN9683DSCN9709

DSCN9706DSCN9701

DSCN9685DSCN9694

DSCN9728DSCN9687

DSCN9716DSCN9744

 

DSCN9749DSCN9727

DSCN9712DSCN9741

DSCN9722DSCN9751

DSCN9771DSCN9755

DSCN9725

DSCN9825

DSCN9826

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари