Во присуство на Самуел Жбогар – ЕУ амбасадорот во Република Македонија и Луиза Винтон – претставничка на УНДП денес на свечен начин во употреба беше пуштен реконструираниот мост во Зрновци кој пред три години настрада по надојдените води во река Брегалница.

Градоначалникот на Општина Зрновци Блаже Станков заблагодарувајќи им се на високите гости ги информираше дека за реконструкција на 86 метарскиот мост биле потрошени 800.000 евра кои биле обезбедени преку програмата на ЕУ за санирање на штетите од поплавите што ја имплементираше УНДП.

Проблемите што ги имаа жителите на Општина Зрновци при патување кон соседните општини и обратно веќе се минато бидејќи со реконструкцијата на мостот врската помеѓу Општина Зрновци и останатите општини како што се Кочани, Виница и другите сега се нормализирани.

С. Ивановски

34688052_600614573648024_4003325281296187392_n

34592965_600613670314781_520002286211039232_n

34691780_600613820314766_7156927356509093888_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари