Гори интернетот по објавувањето на веста дека е започнато потпишување на Петиција со која се бара проширување на Првата Фудбалска Лига и неколку измени во бројот на екипите во двете Втори фудбалски лиги.

Како први кои ја поткренаа оваа иницијатива се спомнуваат испаднатите екипи од Првата лига: „Пелистер“ и „Скопје “и второпласираните екипи од двете втори лиги: „Борец“ и „Гостивар“. Петицијата засега ја подржала и екипата на „Брегалница“ од Штип која заврши како трета во Втората лига – Исток што отвора пат и за третиот од Втората лига – Запад, „Влазерими“.

Дека нешто сепак се случува што е надвор од сите законски норми е отвореното прашање упатено до челниците на „Кежовица“ која заврши како втора во Трета лига – Исток „Дали се заинтересирани да играат во Втората лига – Исток?“.

Дали сето ова е една обична манипулација или лесно остварлива идеја ќе се дознае деновиве, но факт е дека на некои им стана жешко столчето во ФФМ па сега бараат спас во ваквите ветувања.

Дали навистина столчето им е жешко или златното синџирче почна да им го стега вратот и да не сакаат мора да кажат за ден два во спротивно ваквите вести ќе се шират и понатака со уште поголема брзина од денешната.

Кога е во прашање ФФМ и нејзиниот начин на работење, се сé знае и ништо не се знае. Се е можно, па и донесување на одлука за проширување на лигите иако законски тоа се донесува година дена порано.

Но ајде ќе чекаме, ќе има интересни случувања.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари