Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Ромите во Владата на Република Македонија, Аксел Ахмедовски и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев вчера попладне го посетија Ромското Маало во Кочани, каде се одвиваат градежните активности за асфалтирање на два крака на улицата „Стамен Манов“.

Првиот крак, каде во моментот се работи на ископ на земја, е со должина од 136 м и ширина од 4 м. Проектот опфаќа тампонирање и асфалт со дебелина од 7 см. Вториот крак што ќе се асфалтира се наоѓа на левата страна пред Фабриката за вода, е со должина од 185 м и ширина од 4 м.

И на двата крака ќе бидат изработени потпорни ѕидови со должина од 25 и 30 метри, и ширина со 4 и 2 метра.

За изградбата на овие два крака на улицата „Стамен Манов“ се наменети близу 2 милиона денари, обезбедени од Буџетот на Министерството за транспорт и врски, со одлука на Владата за поддршка на имплементацијата на Декадата на Ромите.

Со остатокот од одобрените 3 милиона денари од Министерството за транспорт и со кофинансирање од Општина Кочани, во наредниот период ќе се бетонира уште еден крак од улицата „Стамен Манов“ со површина од 205 м 2 , а ќе се градат потпорен ѕид и пристапни бетонски скали.

DSC_0015 (Copy)

DSC_0010 (Copy)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари