270 000 евра е вредноста на договорот кој општина Виница денес го потпиша со фирмата “Жикол“ за реализација на три проекти во општина Виница: изградба на фабрика за вода во с.Трсино, фотоволтаични панели за училиштето во Трсино и асфалтирање на селски пат во должина од 1.700 метри.

„Денес потпишавме договор со струмичката фирма “Жикол“ за три значајни проекти во општината, за кои средствата во висина од 75 % се обезбедени преку Светска банка, останатите 25 % ги обезбедуваме ние како општина. Со овој договор во рок од 8 месеци треба да се реши водоснабдувањето на с.Трсино, со изградба на Фабрика за вода, а ќе се постават и фотоволтаични панели на училиштето во Трсино, и како трет проект е асфалтирање на пат од с.Трстија преку маало Беловци до маало Маринци во с.Грлани во должина од 1.794 метри. Целиот овој договор тежи околу 270 000 евра“, истакна градоначалникот Ивица Димитров.

Општина Виница

34527389_10157421818096729_7848627583217303552_n

34629549_10157421818161729_4988661890772107264_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари