Во Сабота и Недела на фудбалскиот терен покрај Масалница во „Оризари“ ќе се одржи третиот Меѓународен детски фудбалски турнир „Оризарски Куп 2018“.

Според информациите од организаторот на турнирот до сега своето учество го имаат пријавено 50 екипи од Македонија, Србија и Бугарија со околу 1.000 натпреварувачи.

Натпреварите ќе се играат во генерациите: 2005; 2006; 2007; 2008 и 2009 година,

Турнирот започнува во Сабота во 09:00 часот а финалните натпревари се закажани за во Недела со почеток во 16:00 часот.

Сите првопласирани три екипи ќе добијат пехари и медали а четврто пласираната екипа ќе добие пехар.

Предвидени се награди за најдобар играч и најдобар голман.

С. Ивановски

33339754_2488881987804180_8425971836063318016_n

31466680_860010500849829_5041284328298905600_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари