Денес (09.06.) околу 06,10 часот на магистралниот пат Кочани-Штип помеѓу селата Чешиново и Кучичино се случила сообраќајна незгода помеѓу две комбиња “Фиат Дукато“, со штипски регистерски таблици, “Форд транзит“ со кочански регистарски таблички, како и товарно моторно возило “Сканија“ исто така со кочански регистерски таблици.

До сега се пријавени 26 лица со повреди и истите биле префрлени во Медицинскиот центар во Кочани.

Увидот е во тек и сообраќајот се пренасочува преку селото Чешиново.

Извор: Дневни извештаи на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари