Првиот поголем дожд во самото градско подрачје на виделина ги исфрли сите лошотии при асфалтирањето и реконструкциите на улиците.

Ископани бекатон плочи, откорнати парчиња асфалт, лош одвод на водата сето тоа излезе на виделина денес попладнето, откако силен дожд го зафати Кочани и околината.

Кога пред повеќе години пишувавме дека фирми од други општини не се многу заинтересирани за квалитетна изградба туку дека ним им се важни само да ги земат парите на општината, бевме критикувани од дел од надлежните во општината. Денес она што го пишувавме сега нека го видат и не да критикуваат тие зошто сме критикувале нивни школски другари и пријатели кои имаат градежни фирми по други општини, туку нека излезат и сами нека го критикуваат нивниот начин на договарање.

Граѓаните треба конечно да кажат НЕ за ваквиот начин на градење од нивни пари.

С. Ивановски

101

102

103

104

106107

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари