Како што не информираат од ГФК „Осогово“ денес за нов тренер на кочанските „жолто-сини“ е именуван Жанко Савов признато и познато фудбалско име не само во Македонија, туку и надвор од неа.

Савов како фудбалер е трикратен освојувач на Шампионската титула на Македонија (трипати со Вардар) и трикратен освојувач на Купот на Македонија (двапати со Вардар и еднаш со Цементарница).

Како шеф на стручниот штаб има работено во неколку Македонски екипи а последната негова дестинација беше „Победа“ од Валандово која ја водеше во есенскиот дел од првенството.

По постигнатиот договор со челните луѓе на Осогово, Савов изјави: „По разговорот со луѓето во ГФК Осогово се решив да ја прифатам понудата. Ова раководство на клубот има добра визија со која сака Осогово да го врати на старите патеки и мислам дека се на добар пат“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари