Невремето и дождот што падна денес попладне во Кочани не ги изненади вработените во КЈП „Водовод“ – Кочани.

Веднаш по расчистувањето на облаците екипи од КЈП „Водовод“ – Кочани излегоа на терен за да ги исчистат и оспособат решетките и шахтите, и да го соберат сето она што водата го донесе: пластични шишиња, скршени гранки, хартија, гуми, кеси, камења и сето она што на водената стихија ќе и се нашло на патот.

Како што дознаваме за утре е предвидено да продолжи акцијата за да се исчисти сето она што останало, односно што претходно го немало по улиците.

Чистено е кај претпоследниот мост на „Кочанска Река“ во горниот дел од градот, кај ОУ „Раде Кратовче“, Пазарот, Плоштадот, ГТЦ, крстосницата кај Пераклија, нискиот дел во близина на ОУ „Св. Кирил и Методиј“, кај Централната градинка, Агенцијата за вработување,  и на сите останати фреквентни места во градот каде стигнале со расчистувањето пред да падне мракот.

Овој пат КЈП „Водовод“ й не беше изненадено.

С. Ивановски

42

43

44

45

46

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари