Текст од профил на корисник на социјалните мрежи денес попладне ги вознемири дел од оние кои беа вклучени на ФБ со пласираната информација дека во Кочани пристигнале бегалци и дека десетина од нив биле приведени веднаш.

На нашата адреса стигнаа неколку прашања од наши редовни читатели што е, и каква е вистината околу сето тоа.

Стапивме во контакт со надлежните служби во градот и добивме информација дека тројца Сиријци наместо да слезат на автобуската станица во Куманово, тие од засега неразјаснети причини стигнале и слегле на автобуската станица во Кочани. Кога сфатиле дека се на погрешна локација самите отишле во Полициска станица и се пријавиле.

Повикана е веднаш Гранична полиција од Делчево која ги информирала колегите од Гевгелија. На тројцата Сиријци им се земани податоци, а кога дошла Граничната полиција од Гевгелија ги качила во нивното возило и ги вратила назад.

Кому му одат во прилог ширењето на ваквите дезинформации не ни е познато но факт е дека ако веќе решиле тројцата бегалци  да заминат во некоја Европска земја, погрешиле и непотребно се враќале назад.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари