Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, препораките на Владата на Република Македонија и Министерството за здравство на Република Македонија за спроведување на превентивна терестичка дезинсекција на подрачјето на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка, Општина Кочани го издава следното соопштение:

Се известуваат граѓаните, пчеларите и институциите на Кочани дека на ден 14 Јуни 2018 година (ноќните часови Среда спрема Четврток) екипа на Центарот за јавно здравје“ Скопје ќе спроведува превентивно терестичко (од земја) дезинсекционо третирање за заштита од комарците.

Дезинсекционото третирање ќе се врши во периодот после 23:00 часот.

Во оваа прва фаза со дезинсекцијата ќе бидат опфатени 300 хектари на следните локации: Градското подрачје на град Кочани, селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и населбата Оризари.

Третирањето ќе се изведува со Препаратот AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN – широко појасен инсектицид за третирање на комарци одобрен од Бирото за лекови.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Општина Кочани

Лета Георгиевска

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари