Општина Кочани како организатор на Петровденскиот турнир во мал фудбал ги повикува фудбалските екипи да се пријават за учество на турнирот.

Екипите се должни да уплатат котизација од 2 000 денари, да достават име на клубот и список од десет играчи со броеви на личните карти.

Пријавените играчи да имаат наполнето 16 години.

Уплатата се врши на трезорската сметка: 736014044463010, шифра: 725939

Пријавувањето е до 1 јули, во Едношалтерската канцеларија -Општина Кочани.

Информации на: 071 208 299, Александар Зафиров

Фондот на награди за Петровденскиот турнир 2018: за прво место – 60 000 ден., за второ 30.000 ден. и за трето 15.000 ден.

Обезбедени се награди и за најдобар стрелец и најдобар голман.

Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари